15 February, 2026

Нова трагедија ја потресе јавноста: Пешак смртно прегазен на скопските улици

Вчера вечерта се случила уште една тешка сообраќајна трагедија која ја потресе Македонија. Пешак на возраст од околу 60 години го загуби животот откако беше прегазен во скопската населба Волково.

Според првичните информации, несреќата се случила во вечерните часови, а повредите биле фатални. Пешакот починал на самото место, додека полициски екипи веднаш излегоа на терен и започнаа увид за утврдување на околностите под кои дошло до трагедијата.

Засега нема официјални детали за тоа како се случила сообраќајката, ниту дали возачот е приведен. Повеќе информации се очекуваат денес и со официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Оваа несреќа се случува во период кога сообраќајната безбедност повторно е во фокусот на јавноста. Од февруари се очекува официјален старт на проектот „Безбеден град“, кој е во тест-фаза и има за цел преку автоматско санкционирање да го намали бројот на сообраќајни несреќи, особено оние предизвикани од пребрзо возење.