15 February, 2026

Верижен судир на 10 автомобили на автопатот Тетово-Гостивар поради голомразица

Ниските температури и голомразицата вчера предизвикаа вкупно 19 сообраќајни незгоди во Полошкиот Регион, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во тетовскиот реон се регистрирани четири незгоди, меѓу кои и верижен судир со 10 возила на автопатот Тетово–Гостивар, додека во Гостиварско имало 15 сообраќајки.

Од ЦУК информираат дека надлежните служби се на терен и вршат посолување на патиштата, а поради снег на правецот Лисец–Попова Шапка е воведена задолжителна зимска опрема.