15 February, 2026

Познат маркет во Македонија подели ваучери по 6.000 денари за вработените

Пред крајот на 2025 година, македонскиот маркет КАМ ги израдува своите вработени со новогодишни подароци.

„Во духот на празниците, КАМ ја продолжува традицијата на грижа за вработените, доделувајќи ваучери за спортска опрема од продавниците Sport Vision во вредност од 6.000 денари, како дел од бенефициите што ги обезбедува компанијата“, соопштија од КАМ.

Од компанијата истакнуваат дека ова претставува признание за посветеноста и трудот на вработените, како и нивниот придонес во остварувањето на заедничките цели.

„Во 2026 година заедно ќе продолжиме да достигнуваме нови успеси и да создававме вредности за споделување“, додаваат од КАМ.