Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште беше најавено сведочење на законските застапници на оштетените во овој предмет.
Пред самиот почеток на судската расправа беше соопштено дека во келијата на Дејан Јованов – Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“, бил пронајден мобилен телефон.
Судијката Дијана Груевска-Илиевска го опомена Јованов и истакна дека доколку ваквиот прекршок се повтори, ќе следуваат поригорозни мерки, вклучително и забрана за посети.
Пронаоѓањето мобилен телефон во притворските одделенија се третира како тежок дисциплински престап, бидејќи овозможува неовластена комуникација со надворешниот свет, што може да има влијание врз текот на судската постапка и врз сведоците.
Судењето продолжува со изведување на докази и сослушување на учесниците во постапката.

