15 February, 2026

Предновогодишен студен бран во Македонја, температури и до 10 степени под нулата

Утрото времето ќе биде ведро и многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност, со слаб до умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -9 до -2 степени, додека дневните ќе достигнат од 5 до 12 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе биде околу 6 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено, со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата, а на одредени места ќе се спуштат и до -10 степени.

Преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.