Мерки на претпазливост, наместо домашен притвор, побарале и добиле од Основниот суд во Кочани двајцата инспектори од УЈП осомничени за соработка со газдата на дискотеката „Пулс“, каде се случи трагичниот пожар, јавува Телма.
Сепак, одлуката не е конечна, бидејќи обвинителството поднело жалба, а Апелациониот суд во Штип сè уште не одлучил по неа. До конечната одлука, осомничените остануваат во куќен притвор.
Инспекторите Драган Паунов и Дуле Димитриев се сомничат дека земале поткуп и дојавувале за ненајавени контроли. Судот во Кочани им одредил мерки на претпазливост – забрана за напуштање на местото на живеење, обврска за редовно јавување и одземање на пасошите.
Според адвокатите, судот ја донел одлуката врз основа на приложена медицинска документација.

