15 February, 2026

„Зимзоленд“ вечерва затворен по контроли на УЈП

Забавниот парк „Зимзоленд“ вечерва не работи, откако, според неофицијални информации на “Скопје1”, попладнево биле извршени контроли од страна на Управа за јавни приходи, при што биле утврдени неправилности во работењето.

Во изминатиот период во јавноста се отворија повеќе прашања поврзани со „Зимзоленд“, меѓу кои и дали содржините што се поставени се безбедни за граѓаните, како и дали организаторите поседувале соодветни дозволи за поставување и функционирање на забавниот парк.

Општина Аеродром претходно му нареди на сопственикот на Зимзоленд да ги отстрани реквизитите. Вакво решение донел општинскиот инспектор кој дал рок од три денови за фирмата „Мега луна 25“ од Битола сама да си го дислоцира новогодишниот лунапарк.

„Ако опремата не се отстрани во определениот рок ќе се постапи кон присилно административно извршување на градбата“, апелираа од Општина Аеродром.