16 April, 2026

Насилство во автобус на ЈСП: Шест лица натепале 15-годишник, па му се „пуштиле“ и на возачот

Вчера попладне во скопската полиција било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје во село Кондово, шест лица физички нападнале 15-годишник, а потоа го нападнале и возачот на автобусот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (22.12.2025) во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје во село Кондово, општина Сарај, шест лица физички нападнале 15-годишник од село Радуша, скопско, а потоа го нападнале и возачот на автобусот Р.Ф.(38) од с.Радуша.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.