15 February, 2026

Петар Стојановски од Скопје исчезна во раните утрински часови – семејството апелира за помош

Семејството на Петар Стојановски апелира за помош откако тој исчезнал рано утрово, околу 6:30 часот. Според неговиот син, татко му најверојатно ја напуштил куќата облечен само во пижама и страда од деменција.

До вчера, Стојановски бил свесен за својата околина и знаел каде живее, но семејството стравува дека сега може да се дезориентира. Тој живее на улицата Илинденска во Центар, во близина на Владата и паркот.

Семејството ги повикува сите граѓани да помогнат со споделување на информацијата и секоја информација за неговата можна локација е добредојдена.

Секој што има податоци може да се јави на бројот 075 415 020.