Тажната вест ја споделија од општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Виница.
„Со неверување и длабока тага ја примивме веста за прераното заминување на нашиот Ратко Даневски.
Ратко беше искрен поддржувач, посветен член и пред сè човек со големо срце, кој остави длабока трага меѓу своите сограѓани и сопартијци.
Неговото заминување претставува голема загуба за сите нас. Ќе го паметиме по неговата човечност, другарство и посветеност.
Почивај во мир, Ратче!
Искрено сочувство до семејството Даневски за големата и ненадоместлива загуба.
Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Виница“
Се известуваат сите роднини, пријатели и сограѓани дека последното збогување и оддавање почит на Ратко Даневски ќе биде утре, (недела, 21 декември 2025 година).
Телото ќе биде изложено во градската капела на христијанските гробишта во Виница од 10:00 до 12:00 часот.
Погребната церемонија ќе се изврши во 12:00 часот.
Нека му е вечна слава и нека почива во мир.

