15 February, 2026

Трагедија на ГАК: Бебето почина, лекарката отстранета од работа – причината ќе се знае до петок

Извештајот од Институтот за патологија за бебето кое почина на ГАК ќе биде готов до петок. Со него ќе се утврди причината за смртта и дали се работи за лекарска грешка.

Во меѓувреме, лекарката која работела со бебето е привремено отстранета од работа додека трае постапката.

Министерот за здравство, Азир Алиу, вчера нареди вонреден инспекциски и стручен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот на Клиниката за гинекологија и акушерство.