15 February, 2026

„Ја закла мајка ми пред нас, па легна да спие“ Трагична судбина на жена родена во Македонија: Се врати дома пијан, ја соблече и почна да ја боде со нож, не успеавме да помогнеме

Животната приказна на Билјана Симиќ ги потресе корисниците на социјалните мрежи.

Билјана е родена во Македонија, а во 2004 година се преселила во Србија со родителите. Таа раскажува дека нејзиниот татко бил проблематичен, алкохоличар, и дека семејството долго време било изложено на насилство.

– Мојот татко беше проблематичен, пиеше и правеше проблеми. Неговиот татко и мајка пиеле додека биле живи, а потоа се обесиле. Сè било нормално тоа, јас бев во прво одделение во училиште, сестра ми во второ одделение, а најмладата имала четири години. Татко ми се вратил дома пијан и почна да ја малтретира мајка ми бодејќи ја со нож – вели таа.

Симиќ понатаму објаснува дека на самото убиство му претходела тортурата на нејзината мајка:

– Ја избоде во ногата, потоа во градите, потоа во вратот. Потоа го загреваше на жар и ја гореше по телото. Потоа ја соблече, седна на неа, ја сечеше,ја водеше, се иживуваѓе. Седиме таму, зимно време, ногата ми беше во гипс затоа што ме удри колата. Ја малтретираше цела ноќ, седевме таму, таа врескаше, а вратата на собата беше заклучени. Ја убил и искасапил, ѝ ги отсекол главата и нозете со моторна пила. Кога завршил, заспал – објаснува таа.

Следното утро, нејзината сестра се јавила во полиција:

– Утрото, ѝ дал на сестра ми 500 динари и рекол да се јави во полиција. Таа отишла кај соседот и рекла дека татко ми и рекол да се јавам во полиција затоа што ја убил мајка ми. Мислеле дека бил претепан како и претходно.

Симиќ понатаму открива дека полицијата влегла и сакала да види дали може да направи нешто за да ја спаси мајката, а потоа ја извел од куќата и рекле дека жената е цела искасапена.

Билјана и нејзините сестри биле испратени во дом за деца без родителска грижа, а подоцна биле доделени на дедо по мајка, кој станал нивен старател додека не станале полнолетни.

„Социјалната помош редовно доаѓаше, праќаа пари и Црвениот крст ни помагаше“, изјави Симиќ за телевизијата БН, додавајќи дека трагичните случувања оставиле длабоки трауми на семејството.