Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предложи притворот за осомничениот во предметот „Синџир“, Љупчо Пецов – Ѓаволот, да се замени со куќен притвор под 24-часовен надзор, поради нарушена здравствена состојба и безбедносни ризици. Пецов, кој до неодамна беше во бегство, доброволно се пријавил и ги предал патните исправи.
Предлогот следи по барање на одбраната, која наведе дека осомничениот бил хоспитализиран и дека му е потребно понатамошно лекување. Обвинителството оцени дека со куќен притвор може да се обезбеди неговото присуство, а истовремено да се намалат ризиците по неговата безбедност.
Пецов е еден од главноосомничените во истрагата „Синџир“, која опфаќа 26 лица и 28 компании осомничени за финансиски криминал и даночно затајување, со штета за државниот буџет од околу осум милиони евра.
Случајот дополнително се прошири со апсењето на неговиот адвокат и поранешен државен правобранител Фехми Стафа, осомничен дека примил 50.000 евра за влијание врз судија во Апелациониот суд Скопје. За Стафа е определен притвор и тој се наоѓа во затворот во Куманово

