Утрово на Средно Водно се случија три излизгувања на автомобили.
Причината за несреќите се претпоставува дека е лизгавиот коловоз поради ниските утрински температури.
Сообраќајот на местото беше привремено ограничен додека екипи на ЈП „Македонија пат“ и полицијата ги расчистуваа патните правци.
Возачите се повикуваат на внимателност и прилагодување на брзината според условите на патот.

