15 February, 2026

Изгоре куќа во пожар во Кучевиште – семејството без кров над глава, потребна е помош

Денеска, во селото Кучевиште, избувна пожар во кој целосно изгоре семејната куќа на семејството Нешковиќ. Огнената стихија го уништи домот, оставајќи ги членовите на семејството без покрив над глава.

Граѓаните упатуваат апел до сите хумани луѓе да им помогнат на настраданите, нагласувајќи дека секоја форма на помош – материјална или финансиска – е повеќе од добредојдена, особено во овие студени зимски денови.

За сите кои сакаат да помогнат, контакт лице е Раде на телефонскиот број 075 330 478.

Апелот има за цел да се обезбеди итна поддршка за семејството, со цел тие што побрзо да добијат привремен покрив над глава и да ја пребродат оваа тешка ситуација.