Левото крило на Еурофарм Пелистер и поранешен репрезентативец, Дејан Манасков, ги загубил нервите по поразот на неговиот тим од ГРК Охрид и физички го нападнал помошникот на Борис Ројевиќ, поранешното лево крило Крсте Андоновски, пишува Ohridnews.
Тензии имало и меѓу гостинскиот играч Радивојевиќ и тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ.
Дополнително, според фотографиите што се појавија, играчите на Пелистер ја оштетиле вратата од гостинската соблекувална. Нередите продолжиле и надвор од салата, каде што, како што се наведува, група гостински навивачи нападнале неколку жители на Охрид во центарот на градот.

