16 April, 2026

УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА Осомничен за поткуп од неколку десетици илјади евра

Уапсен е поранешниот државен правобранител – Фехми Стафа. Неофицијално, осомничен е за незаконски поткуп од неколку десетици илјади евра.

Стафа беше државен правобранител од август 2018 година до 2022 година.

Неговото име најчесто се споменуваше во јавноста во контекст на случајот „Трансмет“, односно во постапките за конфискација на имот поврзан со бизнисменот Сеад Кочан.

Стафа на функцијата дојде како предлог на партијата Алтернатива, а неговото име се поврзуваше и со ДУИ.

Против Стафа имаше и пријави во Финансиската полиција.

По неговото заминување од функцијата во 2022 година, Фехми Стафа ретко се појавуваше во медиумите.