15 February, 2026

 (Видео) Мал авион падна во Мавровското Езеро, двајца косовски државјани биле во него

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информира дека авион од марка Piper, со регистрација N5005W, кој денеска се урна во Мавровско Езеро, превезувал две лица – двајца државјани на Косово.

Според Али, информацијата била веднаш проследена до СВР Тетово, Итната медицинска помош и регионалниот центар на ЦУК за брза интервенција.

Во несреќата, едно лице е повредено, а спасувачките екипи се уште работат на терен.

Видео може да погледнете тука.