15 February, 2026

Пациент од „Бардовци“ ја скршил вратата и влегол во „Инфомакс“ среде емисија

Полицијата приведе 43-годишен скопјанец Г.С. по пријава дека синоќа околу 23:45 часот насилно влегол во студиото на „Инфомакс“ на ул. „Востаничка“, оштетил две врати и го попречил емитувањето на емисијата во живо, соопшти МВР.

По интервенцијата, било утврдено дека лицето е со претходни здравствени проблеми и дека во минатото било хоспитализирано во Психијатриската болница „Бардовци“.

МВР информира дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, и нагласува дека ќе реагира брзо и неселективно во случаи на напади врз новинари и нарушување на јавниот ред и мир.

По вчерашниот напад кој се случи на редакцијата на „Инфомакс“, голем број колеги новинари, политичари и политички партии се огласија со поддршка.