15 February, 2026

Битола ја доби новогодишната „главна“ елка – високa колку што има сила

Празнична магија во Битола: елка на позиција, само уште магија да стаса.

Конечно започна новогодишното украсување на Битола.

По пет години со истата сценографија и елка поставена на маса – декор што многумина го поврзуваат со стихот „Елко, елко, порасни уште две-три педи…“ – градот повторно добива речиси идентична празнична поставка.

Ова е, наводно, „разгледницата поубава од Виена“.

Но фотографиите и реакциите што ни ги испратија незадоволни битолчани сведочат за спротивното – длабока разочараност и убедување дека градот заслужува многу повеќе од повторливи и импровизирани украси, пишува Тера ТВ.