15 February, 2026

Кацарска објасни зошто 5.000 денари не се враќаат, а новите 1.000 се под знак прашалник за пензионерите

Уставната судијка Добрила Кацарска во емисијата „Директно“ на Телма појасни зошто пензионерите нема да ги враќаат додадените 5.000 денари од минатогодишното линеарно покачување, додека новото зголемување од по 1.000 денари двапати е сè уште под сомнеж и во постапка на Уставниот суд.

Таа објасни дека првото покачување веќе не е во важност и пензионерите ги имаат примено средствата, што значи дека нема услови за поништување или ретроактивно враќање. За разлика од тоа, за актуелното зголемување пристигнале 17 нови иницијативи, а судот повел постапка поради сомнеж дека со законот можат да се нарушат уставни одредби поврзани со еднаквоста, владеењето на правото и сопственоста.

Кацарска потенцира дека конечна одлука за новите 1.000 денари сè уште нема и дека случајот е во тек.