15 February, 2026

ЕВН најави дневен прекин на електричната енергија во 16 населени места

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ќе има прекин на електричната енергија на следните локации:

Во периодот од 08.00 до 16.00 часот без струја ќе останат дел од корисниците во:
село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница, на подрачјето на општините Студеничани и Сопиште.