Пејачката Весна Змијанац, која деновиве беше примена во Ургентниот центар поради вкочанетост на левата страна од телото, се огласи и откри дека по третманот се чувствува подобро. Лекарите ѝ препишале терапија што ќе мора редовно да ја прима на секои три месеци, а пред неа следуваат и континуирани медицински контроли.
Змијанац објасни дека дошло до влошување на состојбата затоа што задоцнила со претходната терапија поради патување. Прво побарала помош во приватна здравствена установа поради слабост и малаксаност, каде што лекарите забележале промени на ЕКГ и повикале Итна помош, по што била веднаш пренесена во Ургентниот центар.
Од болничката соба пејачката порача дека е под надзор на медицинскиот персонал и ги следи сите препораки, но и дека чувствува замор по напорното патување, што дополнително ја усложнило ситуацијата.

