Угостителот од Чаир, Недим Рама, е именуван за нов извршен директор на државната компанија „Номагас“, која управува со преносот на природен гас и е надлежна за изградба на гасоводната инфраструктура во земјата.
Рама доаѓа на местото на Мухамет Елмази, кој по локалните избори ја презеде функцијата градоначалник на општина Сарај.
Недим Рама и заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири се сопственици на ресторан и кафе-бар во Скопје Север – еден од најпосетените угостителски објекти на територијата на општина Бутел. Тие заедно ја поседуваат и фирмата „Неар 2015“, која управува со 1Sh Lounge Bar во близина на „Порше Македонија“.
Од август 2024 година, Рама беше ангажиран како посебен советник за економски прашања и шеф на кабинетот на поранешниот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој сега е градоначалник на Чаир.
Во јавноста во изминатиот период беше споменуван и како можен кандидат за министер за животна средина од редовите на Меџити.

