15 February, 2026

Секое паркирање на булевар на 5 минути, ќе биде казнето, вели началникот на СВР Скопје

Во гостувањето во емисијата „Претрес“, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, појасни дека полициски возила опремени со камери кои ќе бидат директно поврзани со системот Безбеден град, ќе патролираат по Скопје.

Секое застанување на булевар каде што не е предвидено таканареченото „паркирање на пет минути“ ќе биде санкционирано.

„За несоодветно паркираните, на паркиралиштата, на булеварите.. Сите оние кои ќе помислат дека ќе може да ја остават колата и некаде да отидат да завршат некоја рабоота, притоа да создадат гужва на таа сообраќајница, сега ќе имаат казна. Колите ќе вртат по цел ден, по неколку часа на различни локации. Морам да им кажам и една порака да испратам на тие кои планираат да бидат сообраќајни прекшители, тоа нема да биде исплатливо“ вели началникот Топаловски.