Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека ќе се организира новогодишна прослава и дочек на плоштадот „Македонија“.
На сцената ќе настапат исклучиво македонски изведувачи, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, како и повеќе пејачи од областа на народната музика.
Градот најави дека наскоро ќе ја објави целосната програма и останатите детали за настанот.

