16 April, 2026

Зимзоленд објави дека продолжува со работа и покрај тоа што и град Скопје и Аеродром соопштија дека нема дозвола

Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.

„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.

Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

Од Град Скопје претходно соопштија дека инспектори од Град Скопје биле на локацијата каде што се одржува Зимзоленд и утврдиле низа неправилности

Како што соопшти градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, утврдено е дека Градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност.