16 April, 2026

Започна исплатата на средства за скенирањето фискални сметки

Започнува исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година. Ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата „Мој ДДВ”, информираат од Управата за јавни приходи.

До денес реализирани се 184,5 милиони денари кон 104.000 корисници на апликацијата „Мој ДДВ”. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на „Мој ДДВ”.

УЈП напоменува дека во овој момент, 5.292 корисници што скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не е во можност да ја реализира исплатата. Се апелира до граѓаните доколку немаат добиено средства, да ги проверат и ажурираат податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата.