„Гледајте ги првите 30 секунди од Сејф Сити камерите што би гледале во Тетово – возила што минуваат на црвено, вртења полукружно и други сообраќајни прекршоци.
Овие кадри ја покажуваат суровата реалност на улиците на градот, каде безбедноста често се загрозува и каде секое незабележано прекршување може да има сериозни последици.
До крајот на декември ќе почне да функционира системот „Безбеден град“ и во Куманово и во Тетово, најави началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов во гостување во Топ Тема на Телма.
Системот засега функционира на цела територија на Град Скопје.

