Независни, лиценцирани и акредитирани мерења го открија загадувањето од цементара „Титан Усје“, додека нивната приватна лабараторија убедува дека сè е чисто, oбјави поранешната градоначалничка Данела Арсовска на својот профил на Фејсбук.
„Мерејќи во исто време и на исто место, независните инструменти покажаа повеќе од двојно над максимум дозволеното ПМ честици и азотни оксиди, а мерниот уред на фабриката покажа нула загадување, и тоа на ден кога Скопје беше задушено од загадување“, пишува Арсовска и додава:
„Оваа драстична разлика отвора сериозно прашање дали со години се прикажуваат лажни податоци и се манипулира со мерењата? Ако акредитираните независни инструменти покажуваат екстремно загадување, а тие на Усје ништо, тогаш проблемот не е во воздухот, туку во ВИСТИНАТА„

