Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денеска (17.12.2025) без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје и скопско.
– Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. 27 во село Белимбегово (општина Илинден);
– Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А (општина Аеродром);
– Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари (општина Чучер Сандево);
– Во периодот од 11.00 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите (општина Карпош).

