15 February, 2026

Центар го достигна рекордот – куќа купена од 1,15 милиони, гаража 30.000 евра во Аеродром

Во скопската општина Центар е евидентирана највисока цена за продажба на стан во Македонија во првото полугодие од годинава – 2.857 евра за квадратен метар. За стан со површина од 105 квадрати биле платени 300.000 евра.

Токму во оваа општина е продадена и најскапата куќа во истиот период, за 1.150.000 евра, за објект со 373 м² станбена површина и дополнителни 1.357 м² двор.

Најскапи имоти по категории

Деловен простор: најскапо продаден е во Центар, со вкупно 3.131 м² по цена од 6.8 милиони евра.
Индустриски објект: највисока вредност е забележана во Илинден – над 3 милиони евра.
Гаража: најскапо платена е една во Аеродром, со 24 м² за над 30.000 евра (околу 1.250 €/m²).

Станбени продажби и раст на цените

Според Регистарот за цени и закупнини, најголем пораст на цените на становите во однос на лани има во:
Охрид – 27%
Центар – 22%
Тетово – 22%
Битола – 20%
Најмал раст е забележан во Струмица – 2%.

Најмногу продадени станови во првите шест месеци од 2025 година има во:

  1. Аеродром – 189
  2. Чаир – 182
  3. Центар – 181
  4. Карпош – 179

Според вкупна вредност, најголеми парични приливи се остварени во:
Центар – 1.261.042.000 ден.
Аеродром – 1.193.353.000 ден.
Карпош – 1.064.588.000 ден.

Највисока просечна цена по квадрат е во:
🏙 Центар – 101.900 ден/м²
🏙 Карпош – 90.900 ден/м²
🏙 Аеродром – 82.000 ден/м²

Продажбите најмногу пораснале во Тетово (60%), Велес (54%) и Охрид (50%), додека најголем пад има во Куманово (-16%).

Вкупно, пазарот на недвижности во првото полугодие од 2025 година пораснал за 15,5% споредено со 2024 година, со реализирани купопродажби од 515,9 милиони евра.

Најголем број купопродажби има во:
📍 Аеродром – 562
📍 Гази Баба – 555
📍 Карпош – 527
Најмалку се регистрирани во Бутел – 176.