15 February, 2026

Судење „Мито за кревет на Геријатрија“: Обвинет тврди дека телефонот на директорот го нашол по селските кафеани

Во Кривичниот суд денеска продолжи случајот против поранешниот директор на Геријатрија, Мухсин Арифи, и болничарот Блерим Амити, обвинети дека побарале мито за долгорочно згрижување на неподвижна пациентка.

Амити, кој наводно примил 20.000 евра од старателката на пациентката, сведочеше дека никогаш не бил вработен во болницата и дека Арифи го познавал само затоа што биле соселани.

Тој исто така тврди дека телефонот на директорот го нашол „по селските кафеани“ и дека старателката инсистирала тој да контактира со Арифи, жалeјќи се дека директорот не ги прифаќа парите.

Од приведувањето на обвинетите, пациентката е сместена во истата болница, каде на листата за чекање се наоѓаат над 200 лица.