14 February, 2026

Сообраќајна незгода кај скопско Ново Село: Автобус удрил во девојче, сообраќајот отежнат

Сообраќајот кон скопската населба Волково попладнево се одвива отежнато и само во една коловозна лента, поради сообраќајна незгода што се случила во непосредна близина на Основното училиште „Тихомир Милошоски“ во скопско Ново Село. 

Според информации споделени од граѓаните на социјалните мрежи, приватен автобус удрил во девојче, кое, како што се наведува, поминало со полесни повреди.

На местото на настанот сообраќајот е делумно регулиран, а се создаваат и застои во движењето на возилата кон Волково.

Повеќе информации за околностите под кои се случила незгодата се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.