15 February, 2026

Исчезнат велешанец – семејството бара помош од јавноста

Семејството и блиските апелираат за помош во пронаоѓањето на Стојанче Клифов од Велес, кој е пријавен како исчезнат. За сега нема трага од него, а загриженоста кај роднините расте со секој изминат час.

Според пријавата, Стојанче последен пат бил забележан во Велес, по што му се губи секаква трага. Блиските упатуваат јавен повик до сите граѓани – доколку некој го има видено, го препознава или располага со било каква информација поврзана со неговото движење, веднаш да се јави.

📞 Контакт за информации: 076 226 323 – Наташа

„И најмалата информација може да биде од огромно значење и да помогне во барањето. Ве молиме, кој било што знае, нека се јави,“ апелира семејството.

Случајот е пријавен и ќе продолжи да се следи, а јавноста се охрабрува да сподели и да помогне информацијата да стигне до што повеќе луѓе.