Скопската Зоолошка градина по оставката на директорот Зоран Попов функционира без раководство, а според неофицијални информации, за в.д. директорка е назначена Катерина Костова, долгогодишна вработена во установата, со што се исполнува законскиот услов функцијата да ја извршува лице од редот на вработените.
Нејзиното назначување сè уште не е официјално потврдено од Град Скопје.
Во јавноста претходно се појавија информации дека за директор се спомнува поранешниот советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, што тој индиректно го најави и преку објава на Фејсбук, иако нема официјална одлука.

