Во грчкиот град Лерин била прекината изведба на македонска песна за време на традиционалната манифестација „Ден на огновите“. Настапот на бендот „Ентопика“ бил прекинат во моментот кога започнале да пеат на македонски јазик, по интервенција на градоначалникот.
На прославата биле изведувани повеќе песни, но при започнувањето на македонската народна песна „Софка на татко“, следела итна реакција од градоначалникот. Според сведоштвата што кружат на социјалните мрежи, на музичарите им било наредено да престанат со пеењето на македонски јазик и да продолжат исклучиво со инструментална изведба.
Од бината, еден од музичарите порачал „Музиката нема граници!“, по што следел аплауз и одобрување од дел од присутната публика.

