Халк банка денес ја исплати пензијата за ноември, со што средствата станаа достапни за сите пензионери пред предвидениот рок.
Од денес, парите можат да се подигнат на сметките на клиентите во сите филијали на Халк банка, на банкомати, како и преку електронско и мобилно банкарство. За пензионерите кои ја дале согласност, средствата се достапни и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
Во соопштението на банката се истакнува дека клиентите се во фокусот на нивното работење: „Важни сте вие – нашите клиенти“, стои во објавата на Халкбанк АД Скопје.

