Терористички напад се случи на плажата Бонди во Сиднеј, каде татко и син усмртија 16 лица.
Според информациите, меѓу загинатите е и фудбалерот на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден, 27-годишниот Ден Елкајам.
„Со голем шок и тага информираме дека нашиот фудбалер од ФК Рокдејл Илинден, Ден Елкајам, беше жртва на страшните, трагични и бесчувствителни настани што се случија на плажата Бонди во недела, на 14 декември 2025 година. Ден беше неразделен дел од нашиот тим, исклучително талентиран фудбалер и омилена личност меѓу соиграчите. Нашето најдлабоко сочувство е упатено до семејството на Ден, неговите пријатели и сите што го познаваа. Ќе ни недостасува. Нека почива во мир“, соопштија од клубот.
Во нападот биле ранети вкупно 40 лица. На плажата Бонди во моментот на инцидентот се одржувал настан по повод првиот ден од еврејскиот празник Ханука.
Нападот официјално е прогласен за терористички инцидент.

