Родилка родена во 1991 година во саботата починала на Клиниката за гинекологија и акушерство неколку часа по извршен царски рез, дознава „Слободен печат“ од свои извори.
Од Министерството за здравство ја потврдуваат информацијата и велат дека од ГАК добиле информација дека случајот денеска го разгледувала комисијата за квалитет во болницата.
Повеќе детали најавија за утре.

