2 March, 2026

25 годишно момче од Македонија загина во странство во стравична несреќа на работното место

Трагична несреќа се случи доцна синоќа во кантон Гларус, Швајцарија.

Според информациите од кантоналната полиција, околу 23:00 часот, 25-годишен работник кој извршувал чистење на машина што била во функција, завршил во нејзините запчаници и се здобил со тешки повреди на главата и рамената.

Тој бил пренесен со хеликоптер во болница, но за жал им подлегнал на повредите. Околностите на несреќата се предмет на истрага од Обвинителството на кантонот Гларус.

Според порталот Струга Експрес, починатиот 25-годишник е од Струга.