Сообраќајна несреќа со трагични последици се случила ноќеска по полноќ во неготинско, при што животот го загубил малолетник.
Според информациите од МВР, на 20.12.2025 година во 00:50 часот, во селото Тимјаник, мопед марка „Лонгија“ со неготински регистарски таблички, управуван од 17-годишник од истото село, излетал од патот и удрил во бетонски столб.
Малолетникот им подлегнал на здобиените повреди на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош – Неготино.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција.

