Вработените во пералната на Клиничкиот центар се жалат дека 11 месеци не земаат плата, откако работата им беше преземена од приватна компанија. Пералната сега се управува преку Јавно-приватно партнерство, со компанијата „СкопСтер“, која од јануари 2024 година ја презела обврската за управување, заедно со сите затекнати вработени.
Вработените велат дека поради ова нивниот статус не е решен и дека се принудени да перaт во приватна перална во Сарај. Тие додаваат дека и покрај ветувањата од Министерството за здравство за решавање на ситуацијата, ништо не се сменило.
„Сите клиники беа тука, се боревме за пациентите, а ние не добивме ни денар за Ковид. Немаме регрес, немаме здравствено осигурување, две колешки дале оставка, а многу од нас се со кредити и болести дома. Сè е лошо организирано, немаа пари ни машини, сè сами си го правевме“, вели еден од вработените.

