15 February, 2026

Ќосето е првиот осуденик за 27 април кој излезе на слобода со условен отпуст, по одлежани осум од 11 години

Горан Ангелов–Ќосето излезе на слобода по осум години поминати во затвор за случајот „27 април“.

Добил условен отпуст откако одлежал две третини од казната – 8 од вкупно 11 години затвор. Поради сериозни здравствени проблеми, Ангелов во неколку наврати имаше прекин на издржувањето на казната, по што повторно се враќаше во затвор.

За слободата обзнани и на социјалната мрежа „Фејсбук“, споделувајќи фотографија направена со АИ, каде се кинат лисиците, а до него долетува гулабот кој симболизира слобода. објави Скопје1.мк

Ангелов беше осуден за „крвавиот четврток“ – насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Во овој случај вкупно 16 лица добија правосилни затворски казни од 7 до 16 години за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.