15 February, 2026

Јована Тренчевска добива потпретседателска функција во СДСМ

Телма од свои извори дознава дека една од двете испразнети потпретседателски позиции во СДСМ ќе ѝ припадне на поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Веќе е познато дека другата позиција ќе ја заземе д-р Александар Трајановски. Тие ќе дојдат на местата на Ана Чупеска и Методија Илиевски, а новите имиња ќе бидат официјално потврдени вечерва на Централниот одбор на партијата.

Покрај тоа, ќе бидат заменети и сите членови на Извршниот одбор кои поднеле оставки по локалните избори, а новите кадри ќе бидат комбинација на младост и искуство, како што најави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.