14 February, 2026

Што се случи со велешанецот Стојанче (48)? Поминаа 20 дена откако му се изгуби секаква трага

Велешанецот Стојанче Клифов (48), кој пред 20 дена излегол од својот дом околу полноќ, сè уште не е пронајден.

Информацијата за ВИКИМЕДИА ја потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес, од каде што информираат дека и натаму се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

За исчезнувањето алармираше неговата сестра Наташа, која на 7 декември изјави дека случајот бил пријавен во полиција, а семејството побара и помош од јавноста, доколку некој го забележи Стојанче веднаш да ги извести надлежните институции.

Според нејзините зборови, Клифов е крупен човек, висок околу 1,83 метри, но семејството нема информација како бил облечен во моментот кога го напуштил домот.

Тој живеел со родителите, а последната позната информација е дека заминал со такси возило, кое го оставило во близина на „Жито Маркет“ во Велес. На таа локација му се изгубил и сигналот од мобилниот телефон.

Секој што има каква било информација за случајот се повикува да пријави во полиција.