14 February, 2026

Шанкерот од „Пулс“ и денеска има ниска сатурација и проблеми, одлучи да не се приклучи кон кривичниот прогон на газда Деко

Сведокот Дејан Манасиев, поранешен шанкер во дискотеката „Пулс“, пред судот изјави дека не се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите, но ќе бара оштетно побарување. Тој сведочеше дека и по 10 месеци од трагедијата има сериозни здравствени последици, со сатурација која повторно му паднала на 65 проценти.

Манасиев наведе дека работел во дискотеката од 2012 година, без потпишан договор и без обука за заштита при работа. Според него, таа вечер во објектот имало околу 500 луѓе, а огнот се ширел многу брзо.

Тој изјави дека по пожарот бил хоспитализиран во Штип, Скопје и во Грац, Австрија, поради проблеми со дишењето. Според сведочењето, дел од вработените кои биле присутни таа вечер не преживеале.