1 December, 2025

Ценовен шок: Таблата јајца на пазарите поскапе за 100 денари

Kокошкините јајца поскапеа деновиве. Во маркетите може да се најдат со за 15% повисока сума или просечно по 30–40 денари повеќе по табла. Растот на цената во маркетите е заради растот на цената на производството, а го спроведоа скоро сите производители во Македонија.

Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари.  Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 89 – 90 на 105 денари, реагираат купувачите. Иако во различни маркети може да се најде и до 130 денари, велат познавачите. На скопските пазари пак, таблата од 30тина јаца се пресметува дека е повисока за цели 100 денари.

Неколку причини се наведуваат од производителите –  од поскапувањата на суровината – пченката којашто треба да се увезе затоа што е поквалитетна од нашата, до поскапување на амбалажата и нејзиното брендирање. Во зголемените трошоци коишто ги имаат производителите се и трошокот за нафта, трошоците за струја, платите на вработените кои мора да се движат заедно со пораст на животните трошоци.