Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави хидролошко предупредување за утрешниот ден, 19 ноември 2025 година.
Според објавената мапа за хидроаларм, западниот и југозападниот дел од државата се означени со жолта боја, што укажува на „потенцијално опасна“ состојба и можност за зголемување на водостоите на реките, додека поголемиот дел од државата, вклучувајќи ги централните, источните и североисточните региони, останува во „зелената зона“ каде што нема опасност, сликата е поинаква за западниот појас.
Ова предупредување доаѓа како резултат на очекуваните врнежи кои можат да предизвикаат локални излевања и проблеми во одредени сливови.


