16 December, 2025

Украден велосипед од пред маркет во Капиштец, арамијата фатен на камера

Во Капиштец е украден велосипед од пред маркет, а кражбата е снимена на безбедносната камера.

На снимката се гледа непознато лице како го зема велосипедот и заминува од местото на настанот.

Полицијата презема мерки за идентификација на сторителот и го повикува сопственикот или лица со информации за настанот да пријават во најблиската полициска станица.